Skip to content

,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“

Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:

„Ги гледав нозете на мушриците веднаш над нашите глави додека бевме во пештерата, па реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘ Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“

نَظَرْتُ إِلَى أَقْدَامِ الْمُشْرِكِينَ عَلَى رُءُوسِنَا وَنَحْنُ فِي الْغَارِ، فَقُلْتُ: يَا رَسُولَ اللهِ لَوْ أَنَّ أَحَدَهُمْ نَظَرَ إِلَى قَدَمَيْهِ أَبْصَرَنَا تَحْتَ قَدَمَيْهِ، فَقَالَ: «يَا أَبَا بَكْرٍ، مَا ظَنُّكَ بِاثْنَيْنِ اللهُ ثَالِثُهُمَا».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Владетелот на верниците, Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува за случка во времето на хиџретот. „Ги гледав нозете на мушриците како стојат над нашите глави, на самиот врв од пештерата Севр, а ние бевме внатре. Тогаш реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘ На тоа тој, Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, рече: ,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, за кои Аллах е третиот – со Неговата помош, заштита и упатство?‘“

Од придобивките на хадисот

Положбата на Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се гледа во неговото придружништво на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за време на хиџретот/преселбата од Мека до Медина, оставајќи го неговиот имот и семејство.

Неговата грижа и љубов кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и стравот од непријателите за неговата безбедност.

Обврската на верникот е да има целосна доверба во Аллах, да биде спокоен дека Тој ќе се грижи и ќе го заштити, откако ќе ги преземе сите дозволени мерки на претпазливост.

Грижата на Аллах за Неговите веровесници и штитеници (евлии) и Неговата поддршка за нив; како што Возвишениот вели: „Ние навистина ќе им помогнеме на Пратениците Наши и на верниците во животот на овој свет, а и на Денот кога ќе станат сведоците.“

Потсетување дека оној што се потпира на Аллах, Тој му е доволен: ќе му подари победа, ќе го помогне, заштити и сочува.

Совршеното потпирање на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на својот Господар, препуштајќи Му ги сите свои работи.

Неговата храброст и способноста да ги смирува срцата и душите.

Дозволено е да се избега од непријателот плашејќи се за верата, но со истовремено користење на сите дозволени причини и мерки на заштита и претпазливост.

Референци

Сахих Ел-Бухари (5/ 4) (3653).

Сахих Муслим (4/ 1854) (2381).

Повеќе... (4)

شرح صحيح مسلم (149/15).

فتح الباري (11/7).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (276/2) شرح رياض الصالحين لابن عثيمين (563/1).