„Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
«نِعْمَتَانِ مَغْبُونٌ فِيهِمَا كَثِيرٌ مِنَ النَّاسِ: الصِّحَّةُ وَالفَرَاغُ».
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, укажува на две големи Аллахови благодати со кои е почестен човекот, но многумина не ги искористуваат како што треба – туку ги трошат на погрешни места. Кога човекот има и здравје и слободно време, а сепак ќе го надвладее мрзеливоста и ќе ја запостави покорноста кон Аллах – тогаш тој е вистински губитник. А таква, за жал, е состојба на мнозинството луѓе. Спротивно на тоа, оној што ќе ги искористи здравјето и слободното време во ибадет и послушност кон Аллах – тој е вистински добитник. Зашто овој свет е поле за сеидба за Ахиретот, и токму тука се стекнуваат делата чии резултати ќе се видат на Ахиретот. Слободното време не трае вечно – по него доаѓа зафатеноста. Здравјето исто така не е трајно – следуваат болести, а дури и да нема друго – староста сама по себе е доволна причина човекот да ослабне и да не може да прави добри дела како порано.
Во хадисот човекот е спореден со трговец, а здравјето и слободното време се претставени како негов капитал. Кој добро ќе го искористи тој капитал – ќе има добивка и ќе профитира, а кој ќе го запостави – ќе изгуби и ќе зажали.
Ибн ел-Хазин рекол: „Благодат е сè што му причинува наслада и задоволство на човекот. А измама е кога некој купува по цена повисока од вистинската, или продава по цена пониска од вистинската вредност. Така и оној што има здравје и слободно време, а не се стреми да го поправи својот Ахирет, е како трговец кој претрпел очигледна измама.“
Поттик за човекот да се потруди да го искористи своето здравје и слободното време во покорност кон Аллах и правење на добри дела – пред тие благодати да исчезнат.
Вистинската благодарност за Аллаховите благодати се покажува преку нивната употреба во покорност Нему.
Ел-Кади и Ебу Бекр ибн ел-Араби рекле: „Во поглед на тоа која е првата Аллахова благодат врз човекот, има поделено мислење меѓу учените. Некои велат дека тоа е иманот, другите дека тоа е животот, а третите велат здравјето. Сепак, најсоодветно е првото мислење, бидејќи иманот е апсолутна благодат, додека животот и здравјето се овоземски благодати и не се сметаат за вистинска благодат освен кога се придружени со иман. А токму тогаш многумина нема вистински да ги ценат тие благодати – односно ќе ја изгубат нивната добивка или таа ќе биде намалена. Затоа, оној што ќе му се препушти на својот нефс – кој повикува на зло и тежнее кон удобност – и поради тоа ќе ја запостави грижата за границите (на дозволеното и забранетото) и нема да истрае во покорноста, тој е вистински измамен. Истото важи и за оној што има слободно време – затоа што оној што е зафатен можеби има оправдување, додека слободниот го нема тој изговор и против него е потврден доказот.“
Сахих Ел-Бухари (8/ 88) (6412).
Повеќе... (8)
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 131).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (2/ 65).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 180).
تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.
للمباركفوري (6/ 485).