Skip to content

„Потполнетего прво предниот саф, потоа оној по него. А ако има недостаток, нека биде во последниот саф (ред).“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Потполнетего прво предниот саф, потоа оној по него. А ако има недостаток, нека биде во последниот саф (ред).“

«أَتِمُّوا الصَّفَّ المُقَدَّمَ، ثُمَّ الَّذِي يَلِيهِ، فَمَا كَانَ مِنْ نَقْصٍ فَلْيَكُنْ فِي الصَّفِّ المُؤَخَّرِ».

Го бележат Ебу Давуд и Несаи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредил на мажите кои клањаат во џемат најнапред да го пополнат првиот ред, потоа да се пополнува оној што следи по него, и така натаму. Ако остане празнина или недостаток, тоа да биде само во последниот ред.

Од придобивките на хадисот

Овој хадис укажува на сунетот при уредување и израмнување на сафовите.

На клањачите им е забрането да оставаат празнина во предните сафови; недостатокот, ако го има, треба да биде во последниот ред.

Референци

Сунен Ебу Давуд (2/ 10) (671).

Сунен Несаи (2/ 93) (818).

Повеќе... (1)

شرح سنن أبي داود للعباد (89/ 25).