Skip to content
مقدمة وغلاف المنتقى من موسوعة الأحاديث النبوية

مقدمة وغلاف المنتقى من موسوعة الأحاديث النبوية

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед, врз неговото семејство, врз сите негови другари, асхаби, и врз оние што ги следат во доброделството до Судниот ден. А потоа: Навистина, најважното на кое муслиманот треба да му посвети внимание со читање, размислување, проучување, изучување и примена – по Аллаховата Книга – е Сунетот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О луѓе, ви оставив нешто, за кое…

0%
Font size

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот

Вовед

Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед, врз неговото семејство, врз сите негови другари, асхаби, и врз оние што ги следат во доброделството до Судниот ден. А потоа:

Навистина, најважното на кое муслиманот треба да му посвети внимание со читање, размислување, проучување, изучување и примена – по Аллаховата Книга – е Сунетот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О луѓе, ви оставив нешто, за кое доколку цврсто се држите, никогаш нема да заталкате: Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот пратеник.“ Го бележи Малик Возвишениот Аллах вели: „Тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го.“ (Ел Хашр, 7) Поради тоа, Здружението за грижа за исламската содржина на различни јазици, заедно со Советодавното и мисионерското здружение во Рабва, се потрудија да подготват енциклопедија на хадиси на Божјиот прфатеник и да ја преведат на повеќе јазици.

Возвишениот Аллах го олесни изборот на збирка хадиси од оваа енциклопедија, кои му се потребни на муслиманот во неговата вера и секојдневниот живот. Овие хадиси се придружени со кратко објаснување, појаснување на нивното значење и укажување на нивните корисни поуки. Сето тоа е собрано во оваа книга со наслов: „Избрани хадиси од енциклопедијата на хадиси на Божјиот пратеник“ Се работи на нејзин превод на сите живи јазици во светот, за нејзината содржина да биде од корист за што е можно повеќе луѓе и за да се пренесе Сунетот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, до човештвото на јазиците кои ги зборуваат и разбираат.

Го молиме Аллах да го прифати овој труд, да го направи благословен и искрено посветен да се постигне Аллаховото задоволство, и да ги награди сите што придонесоа во неговото подготвување, преведување и ширење.

Аллаховиот благослов и мир нека бидат врз нашиот веровесник Мухамед.

Краток преглед

Пратеничките хадиси претставуваат вториот извор на исламското законодавство. Возвишениот вели: „Тој не зборува по своја волја. Тоа е само Објавата која што му се доставува.“ (Ен Неџм, 3-4)

Оваа збирка од енциклопедијата на пратеничките хадиси содржи одбрани сеопфатни хадиси, кои му се потребни на муслиманот во неговата вера и секојдневниот живот. Секој хадис е придружен со кратко објаснување, појаснување на неговото значење и порака, како и со нагласување на неговите користи. Делото е преведено на повеќе живи светски јазици, со цел неговата содржина да биде од корист за што повеќе луѓе и за да се пренесе Сунетот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, до човештвото на јазиците што ги зборуваат и разбираат.