17 : 106
وَقُرۡءَانٗا فَرَقۡنَٰهُ لِتَقۡرَأَهُۥ عَلَى ٱلنَّاسِ عَلَىٰ مُكۡثٖ وَنَزَّلۡنَٰهُ تَنزِيلٗا
И како Куран, сè дел по дел ти го објавуваме, за на луѓето малку по малку да им го кажуваш, и по потреба го објавуваме.
Explanation & meanings · 1
- Тука се објаснува начинот на објавувањето на Куранот во низа од 23 години, колку што траела и мисијата на последниот Божји Пратеник Мухамед, Божјиот мир нека биде над него. Тоа значи дека не е објавен одеднаш како книга, туку како практично упатство за начинот на живот на верниците преку праксата на Пратеникот Мухамед, Божјиот мир нека биде над него. Оттука, Куранот не е само теорија, туку упатство за уредување на животот на единката, но и на животот на цело едно општество, покажано и протолкувано преку праксата на најдоследниот пример на Веровесникот Мухамед, Божјиот мир нека биде над него.