Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни, а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе, Ибн Хибан во неговиот Сахих и Хаким
во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“
Автентичен Го бележат Ахмед и Хаким
„Навистина, иманот ветвее во вашите срца како што се аби старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“
Автентичен Го бележат Хаким и Таберани
„Чувајте се од оваа нечистотија која Аллах ја забранил. А оној што ќе направи неморал, нека се прекрие со Аллаховата прекривка и нека се покае кај Аллах. Зашто, оној што ќе ни ја открие својата вина – ние ќе го казниме според Аллаховиот закон.“
Автентичен Го бележат Хаким и Бејхеки