Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

54 од 841 картички

Исчисти филтри
„Најчестата и последна препорака (завет) на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека беше на смртна постела, беше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Постојано повторуваше: ,Намазот и оние што се под ваша одговорност!‘ Толку често го повторуваше тоа, што зборовите му излегуваа со тешкотија од градите, а јазикот одвај ги изговараше.“
Автентичен رواه النسائي في السنن الكبرى وابن ماجه
„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот‘ потоа го цитираше куранскиот ајет: ,И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат.‘“ (Али Имран: 135)
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Нема валиден брак без старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не ги занемаруваше овие дови, кога легнуваше навечер и кога се будеше наутро: „Аллахумме, инни ес елукeл-’афијете фиддунја вел ахирети. Аллахумме, инни ес‘елукeл ’афве вел ’афијете фи дини ве дунјаје, ве ехли ве мали. Аллахумме-стур ‘аврати ве амин рев’ати. Аллахумме-хфезни мин бејни једејје ве мин халфи ве ‘ан јемини ве ‘ан шимали ве мин фавки ве е’узу би азаметике ен угтале мин тахти.“ (Аллаху мој, Те молам за благосостојба на овој и на идниот свет. Аллаху мој, Те молам да ми простиш и да ми дадеш благосостојба во мојата вера, во мојот живот, во моето семејство и во мојот имот! Аллаху мој, скриј ги моите недостатоци и смири ме во тешките моменти! Аллаху мој, чувај ме од предната и задната страна, од десната и левата страна, и одозгора; и барам заштита преку Твојата Величина да не бидам зграпчен одоздола.)
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, качен на камила, наутро на денот на Бајрам, додека го извршуваше обредот хаџ (аџилак), ми рече: „,Собери ми камчиња‘, собрав седум од нив и му ги дадов. Пратеникот ги стисна во раката и рече: ,Вакви камчиња фрлајте.‘ После тоа рече: ,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“
Автентичен Го бележат Ибн Маџе, Несаи и Ахмед
,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе