Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

39 од 841 картички

Исчисти филтри
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрен и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден човек од Неџд, со разбушавена коса, дојде кај Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Слушавме како зборува, но не го разбиравме неговиот говор, сè додека не му се приближи на Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој праша за исламот, а Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем одговори: ,Петте намази во текот на денот и ноќта.‘ Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да клањаш повеќе.‘ Потоа рече: ,И постот во месецот рамазан.‘ Човекот повторно праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да постиш повеќе.‘ Потоа Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем му го спомена и зекатот. Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да даваш повеќе.‘ Човекот замина, велејќи: ,Се колнам во Аллах, нема да додадам ниту да одземам нешто од ова.‘ Тогаш Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем рече: ,Ќе успее, ако е искрен.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
дека една група многубошци (мушрици) кои убивале многу, и извршувале блуд во голема мера, дошле кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рекле: „Она што го говориш и кон што повикуваш е убаво. Ако би можел да ни кажеш дали има искупување (кефарет) за она што го имаме направено?“ Тогаш беше објавен ајетот: „И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и кои не убиваат душа што Аллах ја забранил, освен со право, и кои не прават блуд...“ (Ел-Фуркан, 68) И исто така беше објавен ајетот: „Кажи: ,О робови Мои кои против себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост.‘“ (Ез-Зумер, 53)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: ,Дали знаете што вели вашиот Господар?' Присутните рекоа: ,Тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник.' Рече: ,Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.'"
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме казнети за она што сме го правеле во времето на незнаењето (џахилиет)?“ Тој одговори: „Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“
Добар Го бележи Ахмед