Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

20 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога нешто му се доверува – го изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога се расправа – ги преминува границите.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече на Муаз ибн Џебел кога го испрати во Јемен: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти и чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах, нема превез.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Аллахов Пратенику, што е со делата што ги правев во времето на џахилиетот, како што се милосрдието, ослободувањето на робовите и одржувањето на роднинските врски? Дали за нив има награда?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Исламот го прими заедно со добрите дела што си ги направил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нека не нарекува човек друг човек грешник или неверник, зашто ако тој не е таков, тоа ќе се врати на оној кој со тоа име го нарекол.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрен и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Муттефекун алејхи