Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

22 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Аллах е љубоморен, и верникот е љубоморен. Аллах е љубоморен кога верникот ќе направи нешто што му е забрането.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, ни раскажа дека еден човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји Пратенику, како неверникот ќе биде оживеен на Судниот ден на своето лице?’ Пратеникот одговорил: ‘Зарем Оној кој му овозможи да оди на двете нозе на земјата, не е во можност да го направи да оди на своето лице на Судниот ден?’ Катаде рече: ,Да, се колнам во величината и моќта на нашиот Господар.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не му прави неправда на верникот за неговото добро дело; го наградува на овој свет и ќе го награди и на идниот свет. Што се однесува на неверникот, тој ќе биде награден за добрите дела што ги направил за Аллах на овој свет, но кога ќе дојде на идниот свет, нема да има добро дело за кое ќе биде награден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Местата кои Аллах најмногу ги сака, се џамиите, а најомразените места кај Аллах се пазарите.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“
Автентичен Муттефекун алејхи