Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

22 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Седевме околу Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а со нас беа и Ебу Бекр, Омер и уште неколкумина. Во еден момент Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стана и замина, но долго не се враќаше. Се загриживме дека можеби му се случило нешто. Станавме вознемирени, јас се вознемирив прв и тргнав да го барам. Стигнав до една градина што му припаѓаше на племето Бену Неџар. Околу неа барав влез, но не најдов врата. Тогаш здогледав поток (ребиʿ) што влегуваше во градината од надворешна бунарска страна. Се протнав преку него, како што се провлекува лисица, и влегов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Кога ме виде, рече: – „Ебу Хурејре?“ – „Да, о Аллахов пратенику.“ – „Што те донесе овде?“ – „Беше со нас, па стана и не се врати долго. Се исплашивме дека нешто ти се случило. Јас се вознемирив прв и дојдов до оваа градина, се протнав како лисица – а другите ги оставив зад мене.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ми ги даде своите сандали и рече: – „О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“ Првиот што го сретнав беше Омер. Тој ме праша: – „Што се овие сандали, Ебу Хурејре?“ – „Ова се сандалите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем,“ – реков. – „Ме испрати со нив да израдувам секого што ќе го сретнам и искрено сведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах – со веста дека ќе влезе во Џенет.“ Омер ме удри со раката во градите така што паднав на грб, па рече: – „Врати се, Ебу Хурејре!“ Се вратив кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и заплакав. Веднаш по мене дојде и Омер. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, праша: – „Што се случи, Ебу Хурејре?“ – „Го сретнав Омер и му кажав што ме испрати да направам. Тој ме удри во градите така што паднав, и ми рече да се вратам.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го праша Омер: – „О Омер, зошто го направи тоа?“ – „О Божји пратенику, толку си ми драг што татко ми и мајка ми би ги жртвувал за тебе – навистина ли го испрати Ебу Хурејре со своите сандали за да израдува секого што искрено сведочи дека нема друг бог освен Аллах – со веста за Џенет?“ – „Да,“ – одговори Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Омер рече: – „Те молам, немој така! Се плашам дека луѓето ќе се потпрат само на тоа сведочење и ќе ги остават делата – затоа остави ги нека работат.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: – „Остави ги нека работат.“
Автентичен Го бележи Муслим
Во една прилика бил на патување со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и раскажал: „Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, испрати емисар – додека луѓето беа во своите шатори – и му кажа: „Да помине покрај секоја камила и да им го скине ѓерданот од конец и секој друг ѓердан од околу вратот“.
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Уму Селеме му ја спомнала на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, црквата наречена ,Марија‘ која ја видела во Абисинија, а во која имало икони и фрески. Пратеникот ѝ рекол: ,Тие луѓе, кога меѓу нив некој добар човек ќе умрел, граделе храм врз неговиот гроб, и ги цртале тие слики. Тие се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Слушнав како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пет ноќи пред неговата смрт, вели: „ При Аллах барам заштита ако некого друг освен Аллах земам за близок пријател. Јас сум Аллахов миленик како што Аллахов миленик беше Ибрахим, алејхи селам. Доколку некого од луѓето ќе го прогласев за мој многу близок пријател тоа ќе беше Ебу Бекр, но мој најблизок (халил) е Аллах. Навистина, народите пред вас гробовите на Божјите пратеници ги претворија во џамии, вие тоа немојте да го правите – јас тоа ви го забранувам.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема ,адва‘, нема суеверие и ми се допаѓа ,Фел‘: А што е ,фел‘, го прашале, а тој одговорил: ,Убавиот збор.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах ви забранува да се заколнувате во вашите татковци.“ Омер рече: „Се колнам во Аллах, откако слушнав дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол да не се колнеме во татковците, не го направив тоа! Ниту самиот за себе, ниту пренесувајќи од некој друг.“
Автентичен Муттефекун алејхи