Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги соблечам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков‘ а потоа помина со прстите (потре) по нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе земе абдест и ќе ги облече мествите, нека клања во нив, а при земање абдест нека ги потре одозгора, и не мора да ги соблекува, освен во случај на голема нечистотија.“
Автентичен Го бележи Дарекутни
„Дојдов кај Сафван бин Асал ел-Муради за да го прашам за месхот врз кожните чорапи (местви). Тој ме праша: ,Што те доведе, о Зир?’ Јас реков: ,Барањето на знаење.’ Тој рече: ,Навистина, мелеците ги спуштаат своите крилја за оној што трага по знаење – задоволни со она што го бара.’ Јас реков: ,Ми се појави двоумење околу месхот врз кожните чорапи по извршување мала или голема нужда, а ти си човек од асхабите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, па дојдов да те прашам дали си го слушнал да спомне нешто во врска со тоа?’ Тој рече: ,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и поради голема нужда, мокрење или сон.’ Јас реков: ,Дали си го слушнал да спомнува нешто за страста?‘ Тој рече: ,Да. Бевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, на патување, кога одеднаш еден бедуин го повика со гласен повик: ,О, Мухамеде!‘ – па му одговори Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, со глас сличен на неговиот: ,Еве сум.‘ Ние му рековме: ,Тешко тебе, снижи го својот глас, затоа што си пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, а тоа е забрането.‘ Но тој рече: ,Се колнам во Аллах, нема да го снижам.‘ Бедуинот праша: ,Човек сака еден народ, а уште не се придружил кон нив?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Човекот ќе биде со оној кого го сака на Денот на оживувањето.‘ Потоа продолжи да ни раскажува, сè додека не спомна за една врата на западната страна, чија широчина е колку патување, или патник би патувал низ нејзината широчина четириесет или седумдесет години.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Бев заедно со веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога пристигнавме до местото каде што луѓето го фрлаа отпадот. Тој изврши мала нужда стоејќи, па јас се оддалечив. Тогаш тој ми рече: ,Приближи се!‘ Јас се приближив и застанав до неговите пети. Потоа зеде абдест и со влажни дланки (месх) помина врз своите местви (обувки од кожа).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Џерир уринирал, потоа зел абдест и потрел преку неговите местви. Му рекоа: ,Зарем така постапуваш?‘ Тој одговори: ,Да, го видов Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како уринира, потоа зеде абдест и потре преку неговите местви.‘“ Ел-Амеш рекол: Ибрахим кажал: „Овој хадис им беше особено драг, затоа што Џерир примил ислам по објавувањето на сурата Ел-Маиде.“
Автентичен Муттефекун алејхи