Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“ Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘ Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога Аллах ќе одреди некој роб да умре на одредено место, му создава потреба да оди таму.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Момче, ќе те поучам на неколку важни зборови. Чувај Го Аллах, и Тој ќе те чува тебе. Чувај Го Аллах, и ќе Го најдеш секогаш пред себе. Ако нешто бараш, барај само од Аллах, а ако бараш помош, барај ја само од Аллах. Знај дека, дури и кога целиот свет би се собрал да ти донесе корист со нешто, нема да ти користи повеќе од она што Аллах веќе ти го запишал. Исто така, ако се соберат да ти наштетат со нешто, нема да ти наштетат повеќе од она што Аллах веќе ти го запишал; перата се подигнати, а мастилото се исушило.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и други
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на својот чичко: „Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден.“ Тој одговорил: „Да не беше стравот од тоа што Курејшиите ќе ме обвинат, велејќи: ,Го поттикна на тоа стравот од смртта,' ќе го направев тоа и ќе ти го утешев срцето.“ Тогаш Аллах го објави ајетот: „Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.“ (Ел Касас, 56)
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрениот и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим