Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„Мојот хауд е широк колку растојание од еден месец. Неговата вода е побела од млекото, а мирисот му е поубав од мошусот. Чашите му се бројни како ѕвездите на небото. Кој ќе се напие од него, никогаш нема да ожедни.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера – почест за оние кои ќе ја прифатат и понижување за оние кои ќе ја одбијат. Чест преку која Аллах ќе го возвиши исламот и понижување преку кое Аллах ќе го понижи неверството.“ Темим ед-Дари често велел: „Го видов тоа во моето семејство. Оние од нив кои го прифатија исламот добија добро, почест и достоинство, а оние кои останаа неверници беа понижени, омаловажени и обврзани да плаќаат џизија.“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрениот и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘ А ако бил лош, ќе рече: ,Тешко мене, каде ме носите?‘ Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога тие би можеле да го чујат, би паднале во несвест од страв.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кој ќе сведочи дека само Аллах е Бог, Кому никој и ништо не му се рамни, и дека Мухамед е Негов роб и Пратеник; дека Иса е Негов роб, Пратеник и Неговиот Збор што ѝ го даде на Мерјем и му вдахна живот; и дека Џенетот е вистина и Џехенемот е вистина. Аллах ќе го воведе во рајот без оглед на делата што ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи