Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллах ќе ја зграпчи Земјата и ќе ги свие небесата со Својата десна рака, а потоа ќе каже: ,Јас сум Владателот, каде се владателите на Земјата.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Судниот ден нема да настапи сè додека времето не се приближи така што годината ќе помине како месец, месецот ќе помине како недела, неделата како ден, денот како час, а еден час ќе изгледа колку време потребно да се запали лист од палма.“
Автентичен Го бележи Ахмед
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“ Јас реков: „О, Божји Пратенику, како може знаењето да исчезне кога го читаме Куранот и ги учиме нашите деца, а нашите деца ќе ги учат своите деца, сè до Судниот ден?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тешко тебе, Зијад! Сметав дека си еден од најразумните луѓе во Медина. Зарем не гледаш дека евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, а не постапуваат според ништо од тоа што е напишано во нив?!“
Автентичен поради другу преданија што го поткрепуваат Го бележи Ибн Маџе
„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати. Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас. Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘ Јас прашав: ,О, Божји пратенику, и мажите и жените заедно – ќе гледаат ли едни во други?‘ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,О, Аиша, тогаш состојбата ќе биде толку страшна што луѓето нема ни да помислат да гледаат едни во други.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Бухари
„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим