Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„На секој сопственик на злато или сребро што не ги плаќа своите давачки, на Судниот ден, ќе му се исковаат огнени чаршафи, кои ќе се загреат во огнот џехенемски, и со нив ќе му бидат жигосани бочните страни, челото и грбот. Кога и да се изладат, ќе бидат загреани, тогаш еден ден ќе трае педесет илјади години, сè додека не се заврши судењето помеѓу Аллаховите робови, и секој ќе го гледа својот пат, или кон Џенетот или кон Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кон крајот на времето на мојот умет ќе има луѓе кои ќе ви пренесуваат зборови што ниту вие, ниту вашите татковци ги имате чуено. Па пазете се од нив и од нивните зборови!“
Автентичен Го бележи Муслим
„Дали сакате да ви раскажам нешто за Деџалот, нешто што ниеден веровесник досега не им го раскажал на својот народ? Тој е слеп на едното око, а со себе ќе носи нешто што ќе изгледа како Џенет и Оган. Она за што ќе тврди дека е Џенет, всушност е Оганот. Ве предупредувам за него, исто како што и Нух го предупредувал својот народ.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“ Потоа го цитираше ајетот: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најлоши луѓе се тие што ќе бидат живи кога ќе настапи Судниот ден и тие кои гробовите ги претвораат во џамии.“
Добар Го бележи Ахмед