Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место: ако е од жителите на Џенетот, му се прикажува местото во Џенетот; а ако е од жителите на Огнот, му се прикажува местото во Оганот. Му се вели: ,Ова е твоето место – сè додека Аллах не те оживее на Судниот ден.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Дали сакате да ве известам за жителите на Џенетот? Тоа е секој слаб и понизен човек, кој ако се заколне во Аллах, Тој ќе ја исполни неговата заклетва. И дали сакате да ве известам за жителите на Џехенемот? Тоа е секој груб, самобендисан и горделив човек‘.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„На Судниот ден Сонцето ќе биде приближено до створенијата, ќе им се доближи на растојание од една милја.“ Сулејм бин Амир рекол: „Се колнам во Аллах, не знам дали мислел на милја како растојание на земјата или на милја како стапче за кохл (шминка за очи).“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, продолжи: „Луѓето ќе бидат потопени во потта според своите дела, на некои ќе им биде до глуждовите, на некои до колената, на некои до половината, а некои ќе бидат сосема потопени – така што потта ќе им биде до устата.“ И Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со раката посочи кон устата.
Автентичен Го бележи Муслим
„Најнискиот степен што некој од вас ќе го има во Џенетот е да му се каже: ,Посакај!‘ – па тој ќе посакува и ќе посакува. Потоа ќе му се каже: ,Дали заврши со желбите?‘ – ќе одговори: ,Да.‘ Па ќе му биде речено: ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Судниот ден нема да настапи додека не се борите против евреите, така што каменот зад кој ќе се крие евреин ќе повика: ‘О муслиману, зад мене има евреин, убиј го.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бевме кај Веровесникот, алејхи селам, и тој погледна во Месечината, а беше ноќ со полна месечина, па рече: ,Навистина ќе го видите вашиот Господ како што ја гледате оваа Месечина и нема да ви претставува мака да Го видите, па ако можете да не ја пропуштите молитвата пред изгрејсонце (сабах) и пред зајдисонце (икиндија), направете го тоа,‘ потоа го цитирал ајетот: ,...и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред Сонцето да излезе и пред да зајде.‘“ (Каф: 39)
Автентичен Муттефекун алејхи