Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

68 од 841 картички

Исчисти филтри
„Местата кои Аллах најмногу ги сака, се џамиите, а најомразените места кај Аллах се пазарите.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Клучевите на гајбот (невидливото) се пет: Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утре и човекот не знае во која земја ќе умре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му припишува здруженик – гревовите нема да му наштетат. А кој ќе умре припишувајќи Му здруженик – добрите дела нема да му користат.“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Аллах проклетство е врз евреите и христијаните – ги претворија гробовите на нивните веровесници во светилишта.“ Аиша вели: „Да не беше стравот дека тоа ќе се направи и со неговиот гроб, тој ќе беше видлив за сите – но се плашеше да не се претвори во место на поклонение.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк.“
Автентичен Го бележи Муслим