Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

8 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш додека беше на минберот и зборуваше за садаката, воздржаноста и просењето, рече: ,Горната рака е подобра од долната – горната е таа што дава, а долната е таа што бара.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах рекол: ,Давај (помагај), о сине на Адем, па ќе ти биде дадено (ќе ти се помогне).‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кај мене дојде една жена со две ќерки, барајќи нешто. Не најдов ништо освен една урма, па ѝ ја дадов. Таа ја преполови и им ја подели на ќерките, а потоа стана и си замина. Потоа влезе Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и јас му го раскажав настанот. Тој рече: „Кој ќе биде старател за ќерки и ќе се грижи за нив и ќе им прави добро – тие ќе му бидат заштита од Огнот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него."
Автентичен Го бележи Муслим
Некои од асхабите му рекоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите – и тие клањаат како што и ние клањаме, и постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство како садака!“ Тој им рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“ Тие рекоа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?!“ Тој рече: „Што мислите – ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би сносел грев за тоа? Така, кога тој ќе ја задоволи на дозволен начин – ќе има награда.“
Автентичен Го бележи Муслим