Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

123 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (54)
„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кај мене дојде една сиромашна жена, носејќи ги своите две ќерки. Ѝ дадов три урми. Таа им даде по една урма на ќерките, а третата ја приближи кон устата за да ја изеде. Но ќерките и од неа посакаа, па таа ја преполови и им ја подели. Нејзината постапка многу ме восхити, па му го раскажав тоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој рече: „Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
,,Шејтанот навистина ја изгубил надежта дека ќе биде обожуван од оние што клањаат на Арапскиот Полуостров, но ќе се труди да посее раздор меѓу нив."
Автентичен Го бележи Муслим
,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани – за да не ве снајде истото што ги снашло нив.‘ Потоа ги забрза камилите, сè додека не го остави тоа место зад себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе носи свила на овој свет, нема да ја носи на идниот свет.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и му рекол: „,Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги пропишаните намази, дај го задолжителниот зекат и пости го месецот рамазан!‘ ,Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, ништо нема да додадам на ова.‘, одговорил човекот. Кога заминал, Аллаховиот Пратеник им рекол на асхабите: ,Кој сака да види човек од жителите на џенетот, нека погледне во овој (бедуин).‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе израсне две девојчиња сè додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со мене вака – и ги спои своите прсти.“
Автентичен Го бележи Муслим