Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни, а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе, Ибн Хибан во неговиот Сахих и Хаким
,,Оној кој јавно (на глас) го рецитира Куранот е како оној кој јавно дава садака, додека оној кој тајно (во себе) го рецитира Куранот е како оној кој тајно дава садака.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Еден човек дојде кај Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,Што велиш за човек што учествува во борбата, барајќи ја и Аллаховата награда и пофалби од луѓето? Што ќе добие?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Нема ништо за него.‘ Човекот го повтори прашањето трипати, а секој пат веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговараше: ,Нема ништо за него.‘ Потоа рече: ,Аллах нема да прифати дело освен ако е направено искрено за Него и целејќи го Неговото лице (задоволство).‘“
Автентичен Го бележи Несаи
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поздрави со селам. А кога ќе сака да стане и да си замине, нека повторно се поздрави со селам – зашто првиот селам не е поважен од последниот.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед
„Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед