Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

10 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поздрави со селам. А кога ќе сака да стане и да си замине, нека повторно се поздрави со селам – зашто првиот селам не е поважен од последниот.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед
„Го сретнав Ибрахим ноќта кога бев на Исра, а тој рече: ,О Мухамед, поздрави го твојот умет и кажи им дека Џенетот има убава земја, и слатка вода, и дека тој е рамнина, а неговите садници се: Субханаллах (Слава Му на Аллах), Елхамдулиллах (Благодарност на Аллах), Ла илахе иллаллах (Нема божество освен Аллах), Аллаху екбер (Аллах е најголем).‘“
Добар поради преданијата што го поткрепуваат Го бележи Тирмизи
„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Тирмизи и други
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ахмед и Дарими
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Предноста на учениот над оној што се занимава само со ибадет е како мојата предност над оној со најниска положба меѓу вас.“ Потоа рече: „Навистина Аллах, Неговите мелеци, жителите на небесата и земјата – па дури и мравката во своето гнездо и рибата во морето – молат благослов за оној кој ги подучува луѓето на доброто.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележи Тирмизи