Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

7 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани – за да не ве снајде истото што ги снашло нив.‘ Потоа ги забрза камилите, сè додека не го остави тоа место зад себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил „ел каз“ (да избричиме дел од главата, а другиот дел да го оставиме).
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах нема да погледне во оној што од горделивост ја влече својата облека по земјата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на оној што се дружи со Куранот е како примерот на сопственикот на врзани камили: ако се грижи за нив – ќе останат со него; но ако ги пушти – ќе се разбегаат.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Слушна Аллаховиот пратеник, алејхи селам, некој човек како го советува својот брат за срамот, па рече:,Срамот е од верувањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи