Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

36 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Плашете се од Аллах, вашиот Господар! Клањајте ги петте намази, постете го вашиот месец, давајте зекат од имотот и слушајте ги вашите претпоставени, ќе влезете во Џенетот на вашиот Господар.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Добар и автентичен (хасен сахих) Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Довата е ибадет", потоа го рецитираше ајетот: „И кажа вашиот Господар: Молете Ми се а Јас ќе ви се одѕвијам, тие што се горделиви од упатување дова до Мене, ќе влезат во Џехенем понижени." (Гафир: 60).
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Кај Аллах нема ништо повредно од довата."
Добар Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед