Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

13 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата. Исто така, ми беше наредено притоа да не ги собирам алиштата и косата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некои луѓе дојдоа кај Сахл ибн Сад ес-Саидиј и се расправаа за тоа од какво дрво бил изработен минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селeм. Па го прашаа за тоа, а тој им рече: „Се колнам во Аллах, јас точно знам од што беше направен. Го видов уште првиот ден кога беше поставен, и првиот ден кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на него. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати човек кај една жена од енсариите — Сахл, ја спомна по име — и ѝ порача: ,Нареди му на твојот слуга, кој е столар, да ми изработи неколку дрвени скалила на кои ќе седнувам кога ќе им се обраќам на луѓето.‘ Па таа му нареди, и тој ги направи од дрво на тарфа (еден вид на пустинско дрво кое расте во областа Ел-Габа). Потоа ги донесе, па ги испрати до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој нареди тие да се постават овде. Јас го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како клањаше додека стоеше на нив, па го изговори текбирот, потоа се наведна на руку додека стоеше на нив. Потоа слезе враќајќи се наназад (без да се врти) и падна на сеџда под минберот. Потоа се врати на него. Кога го заврши намазот, се сврте кон луѓето и рече: ,О луѓе! Ова го направив за да ме следите (во намазот) и да учите од мене како се извршува намазот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“ Кога правеше руку, не ја креваше главата нагоре, ниту ја наведнуваше надолу, туку држеше средина. Кога ќе ја кренеше главата од руку, не одеше веднаш на сеџда сè додека целосно не се исправеше стоејќи. А кога ќе ја кренеше главата од сеџда, не правеше повторна сеџда сè додека не седнеше исправено. На секои два реката изговараше „ет-Техијјат.“ Ја пружаше својата лева нога, а ја исправуваше десната. Го забрануваше „седнувањето на шејтанот“ и забрануваше човек да ги спушта своите раце на земја како ѕвер. И го завршуваше намазот со селам.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога ќе одиш на сеџда, постави ги дланките на земјата и подигни ги лактите.“
Автентичен Го бележи Муслим