Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

3 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘ Таа ми рече: ,Да не си ти харуријка?‘ Реков: ,Не сум харуријка, туку само прашувам.‘ Таа рече: ,И нас тоа нè снаоѓаше, па ни беше наредено да го надокнадуваме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадуваме намазите.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Темножолтиот и жолтиот секрет кој се појавуваше по месечниот циклус не го сметавме за проблематичен.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд со оваа формулација, а Бухари без додатокот „по чистењето“
„,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи