Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме сретна на една од улиците во Медина, а јас бев џунуб. Се оддалечив и отидов да се искапам. Подоцна, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забележа дека ме нема, па кога се вратив, ме праша: „Каде беше, о Ебу Хурејре?“ Одговорив: „О, Божји пратенику, ме сретна кога бев џунуб и не сакав да седам со тебе додека не се избањав.“ На што тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила. Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да жртвувал крава. Кој ќе тргне во третиот час, како да жртвувал овен со рогови. Кој ќе тргне во четвртиот час, како да жртвувал кокошка. А кој ќе тргне во петтиот час, како да жртвувал јајце. А кога имамот ќе почне со хутбата, мелеците пристапуваат и го слушаат потсетувањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Задолжително е за секој муслиман најмалку еднаш во седум дена да се искапе, при што ќе ја измие главата и телото.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Му подготвив вода за капење на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ја покрив со крпа. Тој ги изми рацете, па со десната рака истури вода на левата и го изми интимниот дел. Потоа со раката удри по земјата, ја протри и повторно ја изми. Потоа ја исплакна устата, го исплакна носот, го изми лицето и рацете до лактите. Потоа истури вода врз главата и го обли целото тело. На крајот, се оддалечи малку, ги изми нозете, а кога му подадов крпа, тој не ја прифати и си замина протресувајќи ги рацете.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел и ја триел косата со раката, за да се увери дека кожата под неа е натопена. Трипати ја полевал со вода (косата и главата), а потоа го миел остатокот од телото. „Јас и Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се капевме употребувајќи еден сад од каде ја зафаќавме водата.“
Автентичен Го бележи Бухари