Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

20 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се абдестел миејќи ги деловите од телото по двапати.
Автентичен Го бележи Бухари
„Бев пратеник на племето Бену ел-Мунтафик – или дел од неговата делегација – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Кога пристигнавме, не го затекнавме во неговата куќа, туку ја затекнавме мајката на верниците, Аиша. Таа нареди да ни се приготви хазира (вид јадење), па ни ја подготвија. Потоа ни донесоа голема чинија со урми. Подоцна дојде Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Дали добивте нешто за јадење, или ви беше донесено нешто?“ Рековме: „Да, о Божји пратенику.“ Додека седевме со него, дојде овчарот, ги внесе овците во местото за одмор, а со него имаше јагне што блееше. Пратеникот го праша: „Што се роди, о тој и тој?“ Тој одговори: „Јагне.“ Тогаш рече: „Заколи за нас овца наместо него.“ Потоа додаде: „Не мисли дека ја колеме оваа овца заради тебе. Имаме сто овци и не сакаме нивниот број да се зголеми. Кога овчарот ќе добие јагне, колеме овца наместо него.“ Реков: „О Божји пратенику, имам жена, но во нејзиниот јазик има нешто“ – мислејќи на грубост во зборувањето. Тој рече: „Тогаш разведи ја.“ Реков: „О Божји пратенику, имаме долг заеднички живот, и имам дете од неа.“ Тој рече: „Тогаш поучи ја (посоветувај ја). Ако има добро во неа, ќе прифати. И немој да ја удираш својата сопруга како што ја удираш својата слугинка.“ Потоа реков: „О Божји пратенику, кажи ми за абдестот.“ Тој рече: „Изврши го абдестот темелно, протиј меѓу прстите (со вода), и длабоко вшмукувај вода во носот – освен ако постиш.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
Бев присутен кога Амр бин Ебу Хасан го прашал Абдулах бин Зејд како Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, земал абдест. Абдулах бин Зејд побарал сад, па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел. Ја наведнал чинијата со вода преку рацете и ги измил трипати. Потоа ја ставил раката во садот и трипати со едната рака ги исплакнал устата и носот. Потоа ја ставил раката во садот и трипати го измил лицето. Повторно ја ставил раката во садот и двапати ги измил рацете до зад лактите. Потоа ја ставил раката во садот и ги триел предниот и задниот дел од главата. Потоа ги измил стапалата до над глуждовите.
Автентичен Муттефекун алејхи
,Нема муслиман што ќе земе абдест темелно, а потоа ќе клања два рекатa со целосна посветеност на срцето и лицето, а Џенетот да не му биде задолжителен.‘ Тогаш реков: ,Колку е прекрасен овој говор!‘ Но некој пред мене рече: ,Претходниот говор беше уште попрекрасен.‘ Кога погледнав, го видов Омер, кој ми рече: ,Те видов дека штотуку дојде.‘ И продолжи: ,Нема ниту еден од вас што ќе земе абдест темелно и потполно, а потоа ќе изговори: Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник – а да не му се отворат осумте врати на Џенетот, за да може да влезе низ која сака.‘“
Автентичен Го бележи Муслим