Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“ Ебу Ејуб рекол: „Кога пристигнавме во Шам, најдовме нужници изградени свртени кон киблата, се свртувавме налево или надесно и баравме прошка од Возвишениот Аллах.“
Автентичен Муттефекун алејхи
таа го донела својот мал син – кој сè уште не јадел цврста храна – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го седнал детето во својот скут, па тоа се измокрило врз неговата облека. Тогаш тој побарал вода, ја попрскал облеката и не ја измил.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Често ми излегуваше течност која што излегува пред ејакулација и ми беше срам да го прашам Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па му реков на Микдад бин Есвед да го праша Пратеникот, а тој му одговорил: „Нека си ги измие гениталиите и нека земе абдест“. Во Бухари е забележано: „Тој рекол: ,Земи абдест и измиј ги гениталиите.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме сретна на една од улиците во Медина, а јас бев џунуб. Се оддалечив и отидов да се искапам. Подоцна, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забележа дека ме нема, па кога се вратив, ме праша: „Каде беше, о Ебу Хурејре?“ Одговорив: „О, Божји пратенику, ме сретна кога бев џунуб и не сакав да седам со тебе додека не се избањав.“ На што тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одеше по нужда, јас и уште едно момче на мои години носевме мешина со вода и стап налик на копје, па тој се чистеше со вода.“
Автентичен Муттефекун алејхи