Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

33 од 841 картички

Исчисти филтри
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
Автентичен Го бележат Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе го бележи по значење и Ахмед
„Постојат шест вида дела и четири типа на луѓе. Две дела се задолжителни, едно дело за кое човекот ќе биде награден или казнет на ист начин, едно дело за кое ќе добие десеткратна награда, и едно дело за кое ќе добие седумстотиникратна награда. Двете задолжителни дела се: ако човек умре без да Му припишува здруженик на Аллах, ќе влезе во Џенетот; и ако умре припишувајќи Му здруженик на Аллах, ќе влезе во Џехенемот. Делото за кое ќе биде награден на ист начин е доброто дело кое човекот цврсто одлучил да го направи, ќе му биде запишано како едно добро дело. Од друга страна, ако направи лошо дело, ќе му биде запишано како едно лошо дело. Понатаму, кој ќе направи добро дело, ќе добие десеткратна награда, а кој ќе сподели на Аллаховиот пат, ќе добие седумстотиникратна награда. Што се однесува на луѓето, има луѓе на кои им е дадено на овој свет, но не и на оној; луѓе на кои им е дадено на оној свет, но не и на овој; луѓе кои се лишени од доброто и на овој и на оној свет; и луѓе на кои им е дадено и на овој и на оној свет.“
Добар Го бележи Ахмед
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот.
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Нема валиден брак без старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори: ,Да ја храниш кога и самиот јадеш, да ја облекуваш кога и ти се облекуваш или кога стекнуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
Автентичен Го бележат Несаи и Ахмед