Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

8 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија. Му рекоа – или јас му реков: ,Зашто не купиш едно магаре за да можеш да јаваш во темнината и при жештината?‘ Тој одговори: ,Не би сакал ни мојата куќа да е покрај самата џамија. Сакам моето пешачење кон џамијата и враќањето дома да ми бидат запишани како добри дела.‘ На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Аллах ти го запиша сето тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيخصائص الإسلام وفضله ومحاسنه
„Кој повикува на добро, ќе ја има и наградата на оние што го прават тоа, без да им ја намали нивната награда, а оној што повикува на зло, ќе го носи гревот еднаков како на оние што го прават тоа, без да им ги намали нивните гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيالبدعة، فضل الدعوة إلى الله وأحكامهاموضوعات الحديثنشر العلم بالدعوة إلى الله، الدعوة إلى الله
„Еден човек дојде кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му рече: ‚Животното кое го јавав, настрада, па дај ми друго!‘ Пратеникот му рекол: „Немам што да ти дадам“. Потоа се појави друг човек, велејќи: „Алахов пратенику, ќе го упатам кај некој што ќе му даде.“ Аллаховиот пратеник тогаш рече: „Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа.“
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيفضائل الأعمال الصالحة، الأخلاق الحميدة، فضل الدعوة إلى الله وأحكامهاموضوعات الحديثنشر العلم بالدعوة إلى الله، الدعوة إلى الله، قضاء حوائج المسلمين، التعاون على البر والتقوى
„Меѓу народите пред вас имало еден цар кој имал волшебник. Кога волшебникот остарел, му рекол на царот: ,Јас остарив, затоа испрати ми едно момче за да го научам на волшебништво.‘ Царот му испратил момче. На патот до волшебникот, момчето поминувало покрај еден монах, седнувало кај него и внимателно го слушало неговиот говор, кој многу му се допаѓал. Кога доаѓаше кај волшебникот, пак минуваше покрај монахот и седеше со него. Поради доцнењето, волшебникот го тепаше. Момчето се пожали кај монахот, па тој му рече: ,Кога ќе се исплашиш од волшебникот, кажи: – Ме задржаа моите родители. – А кога ќе се исплашиш од родителите, кажи: – Ме задржа волшебникот.‘ Еден ден момчето наиде на голема ѕверка што го блокирала патот на луѓето. Рече: ,Денес ќе дознаам чија работа е посакана кај Аллах – на монахот или на волшебникот.‘ Зеде камен и рече: ,О, Аллах, ако делото на монахот е посакано кај Тебе од делото на волшебникот, убиј ја оваа ѕверка за да можат луѓето да продолжат.‘ Го фрли каменот, ја уби ѕверката и луѓето поминаа. Момчето му го раскажа тоа на монахот, а тој му рече: ,Сине мој, денес си подобар од мене. Постигна степен што јас го гледам. Но, ќе бидеш ставен на искушение. Ако тоа се случи – не откривај ме.‘ Со текот на времето, момчето почна да лекува луѓе: ги излекуваше слепородените, лепрозните и ги лекуваше од многу болести. Еден близок на царот, кој бил ослепен, слушнал за него, му донел многу подароци и рекол: ,Сето ова е твое ако ме излечиш.‘ Момчето одговорило: ,Јас не лекувам никого – лекува само Аллах. Ако поверуваш во Аллах, ќе се помолам и Аллах ќе те излечи.‘ Човекот поверувал, па Аллах го излечил. Потоа седнал до царот како и порано. Царот го прашал: ,Кој ти го врати видот?‘ Тој одговорил: ,Мојот Господар.‘ Царот рекол: ,А зарем имаш Господар освен мене?‘ Тој рекол: ,Мојот Господар и твојот Господар е Аллах.‘ Царот го фатил и го мачел сè додека не го открил момчето. Го довеле момчето, и царот му рекол: ,Сине мој, изгледа твоето волшебништво стигнало дотаму што лекуваш слепородени, лепрозни и го правиш сето ова.‘ Момчето рекло: ,Јас не лекувам никого – лекува само Аллах.‘ Царот го мачел сè додека не му го открил монахот. Го довеле монахот и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тој одбил. Тогаш царот наредил да донесат пила и ја ставиле на средината на неговата глава, ја расекле на две половини и двете паднале. Потоа го довеле блискиот на царот и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тој одбил, па му ја ставиле пилата на главата и ја расекле на две половини. Потоа го довеле момчето и му рекле: ,Откажи се од верата!‘ Тоа одбило. Царот го предал на неговите луѓе и рекол: ,Однесете го на планински врв. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го.‘ Го однеле на планината. Момчето рекло: ,О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.‘ Планината затреперила, тие паднале, а момчето се вратило пеш кај царот. Царот го прашал: ,Што стана со твоите придружници?‘ Момчето рекло: ,Аллах ме заштити од нив.‘ Царот го предал на други луѓе и рекол: ,Однесете го до морето. Ако се откаже од верата – оставете го. Ако не – фрлете го во морето.‘ Го ставиле во чамец. Момчето рекло: ,О, Аллах, заштити ме од нив како што Ти сакаш.‘ Чамецот се превртел, тие се удавиле, а момчето повторно пеш се вратило кај царот. Царот го прашал: ,Што стана со твоите придружници?‘ Момчето рекло: ,Аллах ме заштити од нив.‘ Потоа му рекло на царот: ,Нема да можеш да ме убиеш сè додека не направиш како што ќе ти кажам.‘ Царот прашал: ,А што е тоа?‘ Момчето рекло: ,Собери ги сите луѓе на едно широко место и приковај ме на трупец. Потоа земи стрела од мојата футрола, стави ја на тетивата и кажи: – Во името на Аллах, Господарот на момчето. Потоа гаѓај ме – и ќе ме убиеш.’ Царот ги собрал луѓето, го приковал момчето, зел стрела од неговата футрола, ја ставил на тетивата и рекол: ,Во името на Аллах, Господарот на момчето!‘ Стрелата го погодила во слепоочницата. Момчето ја ставило раката на местото на стрелата и умрело. Луѓето трипати извикале: ,Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето! Поверувавме во Господарот на момчето!‘ Му дошле на царот и рекле: ,Гледаш ли од што се плашеше? Тоа и се случи – луѓето поверуваа.‘ Тогаш царот наредил да ископаат ровови долж улиците и да запалат оган. Потоа рекол: ,Кој нема да се откаже од верата – фрлете го во огнот или кажете му сам да скокне.‘ Така правеле, сè додека не дошла една жена со своето бебе. Се поколебала да скокне, па бебето ѝ рекло: ,Мајко, биди трпелива, ти си на вистината.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيسير الدعاة وواجباتهم، قصص وأحوال الأمم السابقة
„Верата е советување“ Прашавме: „За кого?“, а тој одговори: „За Аллах, за Неговата Книга, за Неговиот пратеник, за водачите на муслиманите како и за сите останати муслимани.“
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيالأخلاق الحميدة، فضل الدعوة إلى الله وأحكامها، حق الإمام على الرعية، الإسلامموضوعات الحديثالأمر بالمعروف والنهي عن المنكر، الدعوة إلى الله، النصيحة، أحكام الإمامةمحاور التعريف بالإسلاممحاسن الأخلاق
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака, со секој нов ден што го носи изгревот на Сонцето. Да се пресуди правично меѓу двајца е садака. Да му помогнеш на човекот со неговото животно, да го качиш на него или да му го подигнеш товарот – исто така е садака. Добриот збор е садака. Секој чекор што го правиш на патот кон намазот е садака. И да отстраниш пречка од патот е садака.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
التصنيف الشرعيالأربعون النووية، خصائص الإسلام وفضله ومحاسنه
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيالتذكية، الأخلاق الحميدة، حقوق الحيوان في الإسلام، الإحسانموضوعات الحديثالرحمة، الإحسان إلى الخلقمحاور التعريف بالإسلاممحاسن الأخلاق
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на својот чичко: „Изговори: ,,Ла илахе илаллах" (нема друг вистински бог освен Аллах), и јас ќе сведочам за тебе на Судниот ден.“ Тој одговорил: „Да не беше стравот од тоа што Курејшиите ќе ме обвинат, велејќи: ,Го поттикна на тоа стравот од смртта,' ќе го направев тоа и ќе ти го утешев срцето.“ Тогаш Аллах го објави ајетот: „Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.“ (Ел Касас, 56)
Автентичен Го бележи Муслим
التصنيف الشرعيأسباب النزول، فضائل التوحيد، فضل الدعوة إلى الله وأحكامها، العهد المكي بعد بعثته صلى الله عليه وسلم، الإيمان بالقضاء والقدر، توحيد الألوهية، الإسلامموضوعات الحديثالدعوة إلى الله، أهمية التوحيد، معنى «شهادة أن لا إله إلا الله»محاور التعريف بالإسلامفوائد الدخول في الإسلام، الخوف من نظرة الناس، النطق بالشهادتين