Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

24 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе ми гарантира дека ќе го чува она што е меѓу неговите вилици и она што е меѓу неговите нозе, јас му го гарантирам Џенетот.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во животот и никогаш нема да страдате.‘ Такви се и зборовите на Возвишениот Аллах: ,И на нив ќе им се повика: Тој Џенет во наследство го добивте за тоа што го правевте.‘“ (Ел Араф: 43)
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му правел ширк, ќе влезе во Џенетот, а кој ќе Го сретне правејќи Му ширк, ќе влезе во Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Најнискиот степен што некој од вас ќе го има во Џенетот е да му се каже: ,Посакај!‘ – па тој ќе посакува и ќе посакува. Потоа ќе му се каже: ,Дали заврши со желбите?‘ – ќе одговори: ,Да.‘ Па ќе му биде речено: ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“ Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече: „Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“ Тој му го повтори, а потоа додаде: „Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“ Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“ Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога жителите на Џенетот ќе влезат во него, Возвишениот Аллах ќе рече: „Дали сакате нешто повеќе?“ Жителите ќе одговорат: „Зарем не ни ги направи лицата светли? Нè воведе во Џенетот и нè спаси од огнот?“ И кажа: „Тогаш ќе се отстрани завесата и нема да им се даде ништо помило од гледањето на својот Господар, Семоќниот и Величествениот“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Во Џенетот има пазар на кој жителите ќе доаѓаат секој петок. Ќе дува северен ветер кој ќе ги допира нивните лица и нивната облека, па нивната убавина и отменост уште повеќе ќе се зголемат. А кога ќе се вратат кај своите семејства, тие ќе ги пречекаат и ќе им речат: ,Се колнеме во Аллах, се вративте уште поубави и поотмени отколку кога заминавте!‘ А тие ќе им возвратат: ,И вие, се колнеме во Аллах, станавте уште поубави и поотмени откако се разделивме!‘“
Автентичен Го бележи Муслим