Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

42 од 841 картички

Исчисти филтри
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно, направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа! Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува. Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати. ,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој од вас ќе види зло, нека го промени со својата рака; ако не може, тогаш со својот јазик; ако не може, тогаш нека го осуди со своето срце, а тоа е најслабиот вид на иман.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: Му објавувам војна на оној кој ќе го вознемири Мојот штитеник (евлија). Мојот роб не Ми се приближува со ништо поомилено од она што сум му го пропишал како обврска. И Мојот роб постојано Ми се приближува со доброволни ибадети сè додека не го засакам. А кога ќе го засакам – Јас сум неговиот слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која работи и неговата нога со која оди. Ако Ме замоли, сигурно ќе му дадам, а ако побара заштита кај Мене, сигурно ќе го заштитам.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Верата е советување“ Прашавме: „За кого?“, а тој одговори: „За Аллах, за Неговата Книга, за Неговиот пратеник, за водачите на муслиманите како и за сите останати муслимани.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Ве советувам со богобојазливост кон Аллах, и со слушање и покорување, дури и ако со вас владее роб. Навистина, оној што ќе живее од вас по мене, ќе види многу разидувања. Затоа држете се за мојот Сунет и за Сунетот на праведните, упатени халифи – цврсто држете се за нив со забите. И пазете се од новотариите, затоа што секоја новотарија е заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи