Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

22 од 841 картички

Исчисти филтри
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го испратил во Јемен, па го прашал за пијалаците што таму се правеле. Тој рече: „Кои се тие?“ Тој одговорил: „Бит' и мизр.“ Му било речено на Ебу Бурда: „Што е бит'?“ Тој рекол: „Ферментирана напивка од мед.“ А мизр е: „Ферментирана напивка од јачмен.“ Тој рече: „Сè што опива е харам.“ – го бележи Бухари.
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога нешто му се доверува – го изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога се расправа – ги преминува границите.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Возвишениот Аллах вели: Му објавувам војна на оној кој ќе го вознемири Мојот штитеник (евлија). Мојот роб не Ми се приближува со ништо поомилено од она што сум му го пропишал како обврска. И Мојот роб постојано Ми се приближува со доброволни ибадети сè додека не го засакам. А кога ќе го засакам – Јас сум неговиот слух со кој слуша, неговиот вид со кој гледа, неговата рака со која работи и неговата нога со која оди. Ако Ме замоли, сигурно ќе му дадам, а ако побара заштита кај Мене, сигурно ќе го заштитам.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
Добар Го бележат Ел-Бејхеки и други со оваа формулација, а дел од него се наоѓа во двата Сахиха
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“
Автентичен Муттефекун алејхи