Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни, а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе, Ибн Хибан во неговиот Сахих и Хаким
„Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“
Автентичен Го бележат Ахмед, Тирмизи, Ибн Маџе и Ибн Хибан
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе, Бејхеки и други
„Не се нанесува штета, ниту се возвраќа со правење штета."
Добар Го бележат Ибн Маџе, Даракутни и други како муснед
,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе и други со добри синџири на пренесување