Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

21 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“
Автентичен Го бележи Бухари
التصنيف الشرعيأحكام ذبائح الكفار، وجوب الصلاة وفضلها وحكم تاركها، الإسلام
„Следбениците на Книгата го читаа Тевратот на еврејски, а потоа го толкуваа на арапски за муслиманите да разберат. Па Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: Не им верувајте на следбениците на Книгата и не ги негирајте. Наместо тоа, кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува.“ (Ел-Бекаре, 135) - до крајот на ајетот.
Автентичен Го бележи Бухари
التصنيف الشرعيتفسير الآيات، الكتب السابقةموضوعات الحديثالقرآن وعلومه، الإيمان بالكتب السماوية
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрениот и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
التصنيف الشرعيالأربعون النووية، الإيمان بالملائكة، الإيمان باليوم الآخر، الإيمان بالقضاء والقدر
„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
Автентичен Го бележи Бухари
التصنيف الشرعيالأيمان والنذور، ذم المعاصي، الشركموضوعات الحديثعقوق الوالدين، قتل النفس، اليمين الغموس، الشرك بالله وأقسامهمحاور التعريف بالإسلامبطلان الشرك وصوره
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘ А ако бил лош, ќе рече: ,Тешко мене, каде ме носите?‘ Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога тие би можеле да го чујат, би паднале во несвест од страв.“
Автентичен Го бележи Бухари
التصنيف الشرعيأشراط الساعة