Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, имаше еден човек по име Абдулах, кого луѓето го викаа „Химар.“ Тој знаеше да го насмее Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, веќе го казнил со камшикување заради пиење вино. Еден ден повторно го доведоа кај него, па тој нареди да биде камшикуван. Тогаш еден човек од присутните рече: „Аллах да го проколне, колку многу пати го доведуваат за ова!“ Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не проколнувајте го! Се колнам во Аллах, јас знам дека тој Го сака Аллах и Неговиот пратеник.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
Автентичен Муттефекун алејхи