Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

18 од 841 картички

Исчисти филтри
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
Автентичен Го бележи Муслим
„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Секое добро дело е милостина."
Автентичен Го бележат Бухари од хадисот на Џабир и Муслим од хадисот на Хузејфе
„Плашете се од Аллах, вашиот Господар! Клањајте ги петте намази, постете го вашиот месец, давајте зекат од имотот и слушајте ги вашите претпоставени, ќе влезете во Џенетот на вашиот Господар.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Го прашав Аллаховиот пратеник, алејхи селам: ,Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат‘. Тоа ми го одговори Аллаховиот пратеник, алејхи селам, а да го прашав уште ќе ми одговореше со уште повеќе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ибадетот во време на неред (хаос) е како хиџра/преселба кон мене.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не правете од вашите домови гробници, ниту од мојот гроб светилиште. Испраќајте поздрави до мене, бидејќи вашите салавати ќе ми се достават каде и да сте.“
Добар Го бележи Ебу Давуд