Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му правел ширк, ќе влезе во Џенетот, а кој ќе Го сретне правејќи Му ширк, ќе влезе во Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“ Уму Селеме рече: „Кога почина Ебу Селеме, реков: ‚Кој од муслиманите би можел да биде подобар од Ебу Селеме? Тој беше првиот што се пресели кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Но, сепак ја изговорив довата – и Аллах ми го даде подоброто: ми го даде за сопруг Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Често спомнувајте го она што ги прекинува задоволствата“ – односно смртта.
Добар Го бележат Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Најнискиот степен што некој од вас ќе го има во Џенетот е да му се каже: ,Посакај!‘ – па тој ќе посакува и ќе посакува. Потоа ќе му се каже: ,Дали заврши со желбите?‘ – ќе одговори: ,Да.‘ Па ќе му биде речено: ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за добродетелството и гревот, па тој рече: ,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците, ниту за да барате почесни места. Кој го прави тоа, ќе биде во Огнот, Огнот!“
Автентичен Го бележи Ибн Маџе