Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Кој искрено ќе бара од Аллах да постигне шехадет, Аллах ќе му го подари степенот на шехидите/мачениците, дури и ако умре во својата постела.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во животот и никогаш нема да страдате.‘ Такви се и зборовите на Возвишениот Аллах: ,И на нив ќе им се повика: Тој Џенет во наследство го добивте за тоа што го правевте.‘“ (Ел Араф: 43)
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема зараза што се пренесува сама по себе, ниту суеверие во лоши претскажувања, ниту верување во бувот како гласник на судбината, ниту во месецот сефер како навестувач на несреќа. Бегај од лепрозниот како што бегаш од лавот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина. Продавачот на мискот или ќе ти го подари, можеби ќе го купиш од него, или барем ќе почувствуваш пријатен мирис од него. А оној што дува во ковачка мешина или ќе ти ја изгори облеката, или ќе почувствуваш непријатна миризба од него.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
Автентичен Го бележи Муслим