Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Во Џенетот има дрво под кое коњаник, јавајќи брз и силен коњ сто години, не би можел да ја помине неговата сенка.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него. Кој ќе испие отров и така ќе се убие – во Џехенемот ќе го држи отровот во раката и постојано ќе го пие, останувајќи во него засекогаш. А кој ќе се убие со железо (нож или друг остар предмет) – со истото железо ќе се боде себеси во стомакот, вечно престојувајќи во Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот започна како нешто туѓо, и повторно ќе се врати како туѓ – како што започна. Затоа, блазе им на оние што ќе бидат туѓинци.“
Автентичен Го бележи Муслим
,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“ А Ибн Омер велеше: „Ако ја дочекаш ноќта, не чекај го утрото, а ако се разбудиш наутро, не чекај ја ноќта. Искористи го здравјето пред да дојде болеста, а животот пред да дојде смртта.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
Автентичен Муттефекун алејхи