Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

98 од 841 картички

Исчисти филтри
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!‘ А само разумните сфаќаат!“ (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не добивате победа, ниту ризк – освен поради вашите слаби (слабите меѓу вас).“
Автентичен Го бележи Бухари
„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови, зашто нивниот пример е како група луѓе што застанале во средината на една долина, па секој донел по едно дрвце, додека не собрале доволно за да испечат леб. Навистина, малите гревови – кога човекот ќе биде казнет за нив – можат да го уништат.“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Срцето на човекот, дури и кога ќе остари, останува младо во две нешта: во љубовта кон дуњалукот и во долгорочната надеж.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кога синот Адемов (човекот) би имал две долини полни со имот, би посакал и трета. Ништо не може да ја наполни внатрешноста на човекот освен земјата (гробот). А Аллах го прима покајанието на оној што се кае.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи