Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Добар и автентичен (хасен сахих) Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Аллах даде пример за правиот пат. Од двете страни на патот има ѕидови со отворени врати, прекриени со завеси. На почетокот на патот стои повикувач кој вели: ,Луѓе, влезете на правиот пат и не скршнувајте.' Друг повикувач, кој се наоѓа над патот, кога некој сака да ја отвори некоја врата, го предупредува: ,Внимавај, не ја отворај оваа врата! Ако ја отвориш, ќе влезеш внатре.' Патот е исламот, ѕидовите се Аллаховите граници, а отворените врати се Аллаховите забрани. Повикувачот на почетокот на патот е Божјата книга, а повикувачот над патот е Аллаховиот советник во срцето на секој муслиман.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘ Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘ Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед