Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде некаква радост, тој е благодарен и тоа е добро за него, а ако го снајде некаква тешкотија, тој е трпелив и тоа повторно е добро за него.“
Автентичен Го бележи Муслим
дека Фатима, Аллах нека е задоволен со неа, дошла кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да се пожали на тешкотиите што ги имала од работата со рачната мелница. Таа слушнала дека кај него дошле заробеници (кои би можеле да бидат слуги), па отишла кај него, но не го нашла. Затоа тоа и го спомнала на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа. Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се вратил, Аиша го известила за нејзината посета. Тогаш тој дојде кај нас додека ние веќе бевме легнати. Кога пробавме да станеме, тој рече: „Останете на своите места.“ Се приближи и седна помеѓу мене и неа, така што го почувствував студот на неговите стапала врз мојот стомак. Потоа рече: „Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го замолив Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој ми даде. Потоа повторно го замолив, и пак ми даде. Потоа ми рече: ,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок. Кој го земе (она што му следува) со задоволство и без покажување алчност, ќе има бериќет во него. А кој го земе со ненаситност, нема да има бериќет и ќе биде како оној што јаде, но не се заситува. Горната рака е подобра од долната.‘ Јас реков: ,О, Божји пратеник, се колнам во Оној Кој те испрати со вистината, после тебе никогаш нема да побарам ништо од никого, сè додека сум жив.‘ После тоа, Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, го повикуваше Хаким за да му даде дел од имотот, но тој одбиваше да земе. Исто така и Омер, Аллах нека е задоволен со него, го повика за да му даде, но и од него одбиваше. Тогаш Омер им рече на муслиманите: ,Јас му го нудам неговиот дел што Аллах му го определил од воениот плен, а тој одбива да го земе.‘ И Хаким, Аллах нека му се смилува, не побара ништо од никого по Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, сè до неговата смрт.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
Автентичен Муттефекун алејхи