Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!‘ А само разумните сфаќаат!“ (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол: „,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘ Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“ Осман рекол: „Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на неговата сеџда изговараше: „Аллахумме-гфир ли зенби куллеху: диккаху ве џиллеху, ве еввелеху ве ахиреху, ве ʿаланијетеху ве сирреху. (Аллаху мој, прости ми ги сите мои гревови – малите и големите, и првите и последните, и јавните и скриените!)“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога синот Адемов (човекот) би имал две долини полни со имот, би посакал и трета. Ништо не може да ја наполни внатрешноста на човекот освен земјата (гробот). А Аллах го прима покајанието на оној што се кае.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“
Автентичен Го бележи Муслим