Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

50 од 841 картички

Исчисти филтри
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Никој од вас нека не го држи половиот орган со десната рака додека мокри, не ја користете десната рака при чистење по нужда, и немојте да дувате во садот од кој пиете.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш се работи за клевета“, одговори Аллаховиот пратеник.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Бев дете што растеше под закрилата на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и мојата рака често шеташе низ садот (додека јадев), па Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: ,О, момче, кажи Бисмиллах (со името на Аллах), јади со десната рака и јади од она што е пред тебе.‘ Од тогаш па натаму, тоа стана мој начин на јадење.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман." Прашале: „Кои се тие, о Аллахов пратенику?" Одговорил: „Кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори ,елхамдулиллах’, посакај му милост велејќи ,јерхамукаллах’; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговата џеназа.“
Автентичен Го бележи Муслим