Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

13 од 841 картички

Исчисти филтри
„Носете бела облека – бидејќи таа е од најдобрите што ги имате – и во неа обвиткувајте ги вашите починати.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил во итикаф во џамијата. Ги слушнал луѓето како гласно рецитираат, па го кренал пердето и рекол: ,Сите вие Му се обраќате на својот Господар. Затоа не пречете еден на друг и нека никој не го крева својот глас над гласот на другиот при рецитирањето’ – или рекол: ,во намазот’.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
„Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед