Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

73 од 841 картички

Исчисти филтри
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Тирмизи и други
,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Аллах нека му се смилува на човекот кој е лесен кога продава, кога купува и кога го побарува своето право."
Автентичен Го бележи Бухари
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Ел-Ешеџ од племето Абдул-Кајс: „Кај тебе има две особини што Аллах ги сака: благост и воздржаност.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Еден човек дојде кај Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му рече: ‚Животното кое го јавав, настрада, па дај ми друго!‘ Пратеникот му рекол: „Немам што да ти дадам“. Потоа се појави друг човек, велејќи: „Алахов пратенику, ќе го упатам кај некој што ќе му даде.“ Аллаховиот пратеник тогаш рече: „Кој ќе насочи на добро, ќе ја има истата награда како и оние што го прават тоа.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Најлош човек кај Аллах е кавгаџијата што се расправа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Тие што многу проколнуваат, нема да бидат ниту сведоци ниту застапници на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим