Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

17 од 841 картички

Исчисти филтри
„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа! Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува. Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати. ,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Тирмизи и други
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некој човек му рекол на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: Советувај ме, па тој му рекол:„Немој да се лутиш." Човекот неколкупати го повторил прашањето а Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш му одговараше со: „Немој да се лутиш."
Автентичен Го бележи Бухари
„Дали да ви кажам кој од вас е најдобар, а кој најлош?“ Тие молчеа. Тој тоа го повторил трипати. На крајот еден човек рече: „Да, о Аллахов пратенику, кажи ни кој е најдобриот и кој е најлошиот меѓу нас.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Најдобриот меѓу вас е оној од кого се очекува добро и во чија близина луѓето се сигурни од неговото зло. А најлош е оној од кого не се очекува добро и од чија злоба луѓето не се безбедни.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор. Немојте да се демнеете и да се шпионирате, немојте да си завидувате ниту да си вртите грб едни на други и не мразете се, туку бидете Аллахови робови и браќа!“
Автентичен Муттефекун алејхи