Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Бев тој што им точеше пијалак на луѓето во куќата на Ебу Талха, а нивниот пијалок тогаш беше ,фадих‘ – неферментиран алкохолен пијалок од урми. Тогаш Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати гласник кој повика: ,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘ Ебу Талха ми рече: ,Излези и истури го!‘ Излегов и го истурив – и алкохолот потече по улиците на Медина. Некои од луѓето рекоа: ,Има такви што починаа, а алкохолот сè уште им беше во стомаците!‘ Тогаш Аллах објави: ,Тие што веруваат и добри дела прават немаат никаков грев во тоа што го изеле и испиле пред забраната...‘ до крај на ајетот.“ (Ел-Маиде, 93)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’ Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’ Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Автентичен Го бележи Муслим